За аплицирање за студентска едукациска работна пракса, потребни се следниве документи:

  1. Скенирана патна исправа, со важност од минимум шест месеци
  2. Биографија / CV / со прикачена ваша фотографија
  3. Потврда за редовен студент, односно Иматрикулационен документ во три примероци, (формулар којшто студентите го добиваат од наша страна, а потоа ги заверуваат на нивниот факултет)
  4. Пополнета Апликација, којашто заедно со останатите документи (CV, пасош, иматрикулационен документ), ни ја праќаат на мејл

Секој студент при аплицирање, најпрво потпишува договор за услуга со нашата агенција, при што се уплаќаат апликативните трошоци и се прави проверка на германски јазик, со германист од агенцијата. Откако ќе го поминат интервјуто, ги доставуваат потребните документи, ги пуштаме церлокупните документи кај работодавач. Откако работодавачот ќе одобри вработување, ги известуваме студентите и им го доставуваме документот – потврда за редовен студент, односно иматрикулациониот документ. Тој документ го носат на факултет да го заверат и потоа ги праќаме документите на работодавачот, најнапред скенирани на мејл, а потоа оргиналите ги праќаме по пошта. Работодавачот ги праќа документите во ЦАФ (Федералната агенција за вработување во Германија). Времето на добивање на работна дозвола е од два до максимум осум недели. За тоа време го организираме сместувањето. Откако работодавачот ќе нè извести дека работните дозволи се одобрени (нам ни ги доставува на мејл), ги известуваме студентите дека работните дозволи им се одобрени и можат да го планираат патувањето за Германија. Пред заминување за Германија, Агенцијата организира патничко осигурување, а се врши и обука која ги содржи сите потребни информации кои ќе им бидат потребни при пристугнување во Германија (каде треба да појдат, што треба да направат…), им даваме потврда за сместување, како и работните дозволи од ЦАФ. Ги известуваме работодавците и газдите на сместувањето на кој ден, во колку часот би пристигнале во Германија и им даваме контакти и адреси од работното место и од сместување. Исто така им закажуваме и термини за санитарна книшка, на оние работни места кадешто таа е потребна.