Што е VENERA’S EU GROUP?

Нашата компанија го прошири своето оперативно делување со отворање на сопствени канцеларии во две земји од Европската унија. Особено сме горди на ова наше постигнување, затоа што на овој начин го олеснуваме пристапот на нашите клиенти со македонски патни исправи до единствениот пазар на трудот во Европската унија, но, воедно, за многу ги олеснуваме процедурите и процесот на водење на документацијата за работни дозволи и слично.

VENERA’S EU GROUP е активна ширум земјите од Европската унија, кадешто ги нудиме своите сервиси за лица што поседуваат македонски пасоши. Во оваа насока, благодарение на превземените активни чекори, за своите идни вработени, Венерас ЕУ ГРУП овозможува широко портфолио на работни позиции и на работни места во различни бранши и индустрии за лица со македонски патни исправи. Активни сме во повеќе градови во Сојузна Република Германија и постојано склучуваме нови кооперациски договори и стекнуваме партнерски компании. Токму заради олеснителните административни околности што ги добиваме преку VENERA’S EU GROUP, заминувањето и добивањето на целосна документација до добивање на виза и работни дозвола за нашите клиенти е во времетраење од максимум 120 денови.

Широко е портфолиото на работни места со коишто располагаме, а се потпираме на долгогодишните директни партнерства за работни позиции во најголемите глобални брендови, во најразлични области, низ целата територија на СР Германија.

Во врска со апликацијата за овие позиции, потребно е познавање само англискиот јазик, додека останува отворена можноста германскиот јазик да го научат во текот на работниот ангажман. Договорите во нашата компанија се потпишуваат на неопределено време, секако, сè додека и двете страни се задоволни.

Ако сте во потрага по нови предизвици и работен ангажман во Германија, не чекајте повеќе, станете и вие дел од нашиот тим.

Заради зголемен обем на работа, задолжително е да си закажете термин во една од филијалите на Венерас, во Скопје и во Штип, со едноставен клик на контакт.