ВЕНЕРАС е една од водечките компании за посреднички и образовни услуги во Македонија. Односно, нашата компанија дава консултантски услуги за образование и работа во Сојузна Република Германија и во други држави од Западна Европа. Консултантските услуги подразбираат испитување на можностите за образование и работа во странство, како и нивно усовршување.

Компанијата е основана во јули 2014 година, од  г-дин Емран Кемаловски, кој, воедно, е и управител на правното лице. Г-дин Кемаловски има долгогодишно искуство како дел од менаџмент тимот на познатиот светски бренд ,,Бургер Кинг’,’ во баварскиот дел од Сојузна Република Германија, со мрежа од над 40 ресторани. Оваа своја работна експертиза и искуство со културната размена и начинот на живот во оваа западноевропска земја, како и соработката со некои од светските топ вработувачи во услужната дејност, тој ги претвори во развоен и функционален деловен модел во нашата земја.

Партнерство

ВЕНЕРАС & ЕLS GROUP имаат долгогодишно активно, непрекинато и комплементарно партнерство, коешто перфектно функционира.

ELS GROUP е приватна агенција за вработување, лиценцирана од страна на Министерството за труд и социјална политика, којашто посредува за пронаоѓање на идеалното работно место кое ќе одговара на желбите согласно квалификациите на нашите ценети клиенти.

Мисија

Нашата мисија е на секој заинтересиран студент да му озвоможиме искуството да работи во странство, кај некои од најпрестижните комапниии од разлиучни индустрии, да стекне искуство, да се запознае со начинот на работа и живот, да се подготви за понатамошните идни предизвици во животот! 

Визија

Нашата визија е да овозможиме врвен професионален квалитет во услугите и програмите коишто ги нудиме, а Венерас да биде препознаена како компанија којашто top of the mind при изборот на агенција за студентска работа и размена во странство. Факт со којшто се гордееме е дека и секој член од нашиот тим е поранешен учесник во една од нашите програми за работа и за културна размена.

Што нè движи?

Како главни фактори кои ја движат компанија ВЕНЕРАС се мотивацијата, посветеноста и љубовта што ја вложуваме во организацијата и реализацијата за сите наши услуги. За сето ова да се движи кон уште поголем успех придонесува и довербата којашто ни ја укажуваат нашите студенти и вработени. Безбедноста нивна е наш прв приоритет, а нивното задоволство е наш двигател!

Што ни носи иднината?

Иднината за нас претставува нова можност за константно да се прилагодуваме кон барањата на корисниците на нашите услуги, да продолжиме и да ги надградуваме со нови и атрактивни програми.

Нашето мото

Дозволете професионалци да се погрижат за успехот што од секогаш сте го посакувале. Вашата замисла e наша обврска!