За аплицирање за Д-Виза потребно е апликантите да ни достават:

  1. Скенирана патна исправа со важност од минимум шест месеци
  2. Биографија / CV, со прикачена ваша фотографија
  3. Пополнета Апликација

Сместувањето е во зависност од желбата на апликантот:

Еднокреветна соба со заедничка кујна, купатило, колективно сместување или посебен стан за самиот апликант.

Цените се различни во зависност од сместувањето

Секоја странка која ќе аплицира за процес на добивање на работна виза во Германската амбасада најпрвин потпишува договор за консултанстки услуги и авансна фактура. Потоа му закажуваме термин во германска амбасада, при што за терминот го известуваат лично апликантот на мејл, странката може да биде и со веќе закажан термин во амбасда и во тој случај во најбрз можен рок ја средуваме потребната документација потребна за добивање на Д виза. Откако веќе добил термин за во германска амбасада, го распределуваме апликантот, односно му обезбедуваме работен договор и на терминот ги носи сите потребни документи кои ние му ги обезбедуваме, а тоа е: работен договор, опис на работно место (доставени од работодавачот), барање за виза, скениран пасош, формална потврда за сместување. Откако ќе ги однесе документите во амбасада во рок од околу 2 недели го известуваат на мејл дека треба да појде во амбасада. Таму му соопштуваат дали добил виза или не. Откако ќе добие виза, го организираме сместувањето и за рок од 2 недели може да појде во Германија. Пред да појде му закажуваме термин за санитарна книшка во Германија, ги известуваме работодавците и газдите на сместување кога пристигнува и на мејл му доставуваме инфо пакет за работата и сместувањето.