На своите клиенти, а во соработка со повеќе големи германски компании за недвижини, Венерас им става на располагање бројни колективни и индивидуални / семејни места за престој и жимеење во Германија.

Колективните сместувања се наменети за престој на минимум две до максимум седум лица истовремено. Овие лица користат заедничка кујна, купатило / вц, со вклучен интернет, како и  машина за перење, ормари и останати други потреби. Овој тип на сместување е поевтини и може да се обезбеди за, на пример, од 200,00 евра до максимум 350,00, во зависност од тоа по колку лица се сместени.

Колективните сместувања за поголем број на лица, од типот на пансион или хостел, имаат на располагање по две / три кујни, седум / осум купатила и вц, повеќе заеднички машини  машини за перење и слично. 

Семејните или приватните сместувања се поскапи во однос на колективните, а цената варира во зависност од градот, од квадратурата на станот и локацијата. Сместување во центарот на градот е поскапо за разлика од сместувањето во периферијата. За овие сместувања најчесто се плаќа кауција за првите три месеци однапред и при вселување се плаќа и месечната кирија за првиот месец. Цените се движат од минимум 500,00 евра, до околу 1.200,00, евра на месечно ниво. 

За своите клиенти, за процесот за апликација за сместување, апликантот потпишува договор, при што уплаќа сума од 50,00 евра за апликациски трошоци. Откако ќе се најде сместувањето, клиентот уплаќа уште 250,00 евра. Сумата е за едно лице. 

Времето потребно за организирање на семејните / приватни сместувања е од две до четири недели.

За подетални информации, сите заинтересирани можат да побараат консултации на контактите наведени на нашиот веб сајт.