Venera’s EU Group овозможува теренски работни ангажмани од подолг временски период на лица со македонски пасош кои поседуваат редовен престој во земјите од ЕУ. Во ваков случај влегуваат лица со македонска патна исправа кои поседуваат документ за редовен престој во некоја од земјите на ЕУ, како што на пример во Италија е документот наречен “Permesso Di Soggiorno”, во Бугарија наречен “Постојано пребиваване” и слично.

Заради погодноста што голем дел од нашите соработници се дел од менаџментите во компаниите каде што имаме работни можности, ја нудиме можноста за вработување и за лицата со минимално познавање од англиски јазик или на германскиот јазик. Дополнително, со оглед на тоа што имаме кооперациски партнери кои зборуваат турски јазик, тоа е уште една олеснителна околност  за лицата со познавање на турскиот јазик.

Работните позиции се  во разни кооперациски компании, во различни градови.

Позиции за возачи со Б категорија

Достава на пратки, нето плата од 1.800,00 евра, во градовите: Hanover, Bremen, Berlin, Brannenburg, Rothenburg, Köln

Позиции за возачи со Ц категорија

Соработка со светските брендови, како што се Lidl, Dachser, Schenk, нето плата од 2.200,00 евра, во градовите: Mainz, Frankfurt, Koln

Позиции во Логистички центри

Складирање на разни намирници, пакување на производи, чистење… Почетна нето плата од 1.500,00 евра, во градовите: Köln, Owerhausen, Dusseldorf

Позиции за механичари, авто лакирачи, електричари, шпедитори, продажба

Во близина на Köln

Лица за обезбедување / security

Обезбедување на објекти, плата од 1.800,00 евра.

Лицата кои ќе аплицираат за оваа позиција потребно е да го поминат интервјуто на германски јазик, Б2 ниво, кое ќе го спроведе Венерас.

Услугата за консултантските услуги и организацискиот процес околку сместување и обезбедување на комплетната документација е бесплатна. Kлиентот уплаќа само 3.000,00 МКД за апликативни трошоци и проверка на јазични познавања.

Categories