Упатство за аплицирање за добивање термин за поднесување на барање за Д виза за Сојузна Република Германија

Здравствена криза сè уште лимитира голем дел од општествените случувања, во сите аспекти на секојдневието. За жал, овие состојби имаа своја рефлексија и во отежнатите можности на голем број македонски граѓани да добијат термин за поднесување на барање за Д виза за Сојузна Република Германија. Поради нова систематизација за аплицирање за виза во Германската амбасада во Скопје, организирана по систем на своевидна “лотарија“, треба заедно да го поминеме овој нов апликациски процес, односно закажување термин на системот на Германската амбасада.

Терминот кој ќе го обезбедите е неопходен за да го комплетираме процесот за добивање на вашата виза за Германија.

Упатство за аплицирање

Во прилог го поставуваме линкот за страницата кадешто е објавен линкот за аплицирање за виза за граѓани од земјите од Западен Балкан: https://service2.diplo.de/rktermin/extern/choose_category.do?locationCode=skop&realmId=629&categoryId=2444

Линкот за Западен Балкан се појавува на почетокот на месецот (во зависност од германската амбасада) и трае максимум 2 недели од денот на објавување (Германската амбасада го одредува денот на сопирање на линкот). Ви напоменуваме вашите лични податоци да ги внесувате исклучиво со латинични букви, информациите да бидат точно наведени, е-маил адресата да биде валидна, затоа што доколку апликацијата Ви е успешна, ќе ви пристигне датум за термин за во Германската амбасада на е-маил адреса која ќе ја наведете во апликацијата. 

Исто така, доколку подолго време се задржувате на апликацијата откако ќе започнете да ги потполнувате податоците, па до самиот крај, можно е да Ви истече рокот за аплицирање, па во тој случај предлагаме да се обидете одново со повторно вклучување на наведениот линк. 

Доколку имате неуспешна апликација, Ве замолуваме да бидете упорни и да не се откажувате сè додека е отворен линкот за да ги внесувате Вашите податоци од почеток, повторно.

За тие од вас што веќе успешно аплицирале, ви благодариме и ви посакуваме среќа за добивање термин.

За дополнителни информации околку аплицирањето, обратете се на Правниот оддел на Венерас, на следниот е-маил: [email protected].  

Ви благодариме на довербата и на соработката.  

Ние постоиме за вас и тука сме да ги оствариме вашите барања и очекувања!

Венерас Тим.

Categories