Почитувани наши соработници, клиенти, пријатели, 

сакаме уште еднаш да ве потсетиме за стапувањето на сила на новата законска регулатива за вработување во СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА!

Подолу можете да најдете одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со новата регулатива, со комплетирање на неопходната документација и сличнi прашања!

Тимот на Венерас ви стои на располагање за сите прашаља од ваш интерес!

  • Што предвидува новата законска рамка?

Од 01 март 2020 година, стапи на сила новата законска регулатива којашто го уредува начинот и условите за долгорочно вработување на државјани на земји коишто се надвор од системот на Европската Унија. Оваа законска регулатива има детерминирано дејство и е со датум на важност до 31 декември 2020 година. Законската рамка се однесува на квалификувани работници од целата земјина топка (исклучок се државите од ЕУ), со што, конкуренцијата за работно место ја прави исклучително голема.

Меѓутоа, затоа постоиме ние. Нашиот Венерас Тим е подготвен за вас да пронајде работни место, соодветно на вашите квалификации, како и да ви овозможо најадекватно сместување во местото на работа, под услови кои го почитуваат вашиот буџет! 

  • Што значи условот “квалификувани работници”? 

Под поимот “квалификувани работници” се подразбираат сите потенцијални апликанти за работен ангажман во Германија коишто во матичната земја завршиле најмалку двегодишна стручна едукација  (образование во времетраење од две години). 

  • Каков тип на образование треба да се поседува и како оди процедурата во делот на признавање на дипломите?

Типот на образование треба да е во согласност со нормирањето и во германскиот обрзовен систем.   

Новата законска регулатива предвидува и поекспедитивна евалуација и признавање на дипломите на апликантите од страна на германските власти. Овој дел од процесот би требало да биде завршен во рок од три месеци по барањето за нострификација на дипломата на барателот. 

Ве поттикнуваме и ве охрабруваме да го контактирате Тимот да Венерас и да го направите еден од првите чекори, е тоа е да направиме преводи на потребната документација, како и нострификацијата на вашата диплома за соодветната ваша професија / специјалност / струка! Контактирај те нè!

  • Како регулативата се рефлектира на работната сила што доаѓа од Балканот? 

Имајќи ја во предвид историјата на вработувања и фактот дека Германија од секогаш била посакувана дестинација за работа на граѓани од сите држави од Балканскиот полуостров, во новата законска регулатива се олеснети критериумите за аплицирање за работа од нашиот Регион. Така, за државјаните на Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, стануваат подостапни работни позиции, со аплицирање за добивање подолгорочна дозвола за работа и за престој во Сојузна Република Германија. 

  • На колкав период се добива дозволата и за какви професии таа се издава? 

Со валиден договор за работа се добива дозвола за работа и за престој, вообичаено, во временска рамка од 48 месеци (или четиригодишна дозвола) или, во најголемиот број на случаи – дозволата се добива на време колку што е и времетраењето на работниот ангажман. 

Дозволите – и за работа и за престој, се издаваат за широк спектар на работен ангажман од речиси сите услужни дејности и професии, како и за доедукација и за обуки.

Тимот на Венерас ви стои на располагање да ја избереме најсоодветната можност за вас! Затоа, ве охрабруваме што побргу да аплицирате кај нас, за заеднички да одиме чекор по чекор кон посакуваното вработување во Германија!

  • Што се случува по истекот на подолг работен ангажман и престој во Германија?

Согласно германското законодавство, се стекнувате со дополнително право. А тоа значи дека сите квалификувани работници, странски државјани, по работа и престој во временска рамка од вкупно четири години, се стекнуваат со неприкосновено право да работат и да престојуваат / да живет во Германија на неопределено време, односно – добиваат неограничен престој во оваа држава.

  • Колку трае процедурата на издавање на виза?

Со новата законска регулатива процедурата на издавање на виза, во извесна мерка, е позабрзана. Временската рамка на одобрувањето и на издавањето на виза се движи во период помеѓу четири и шест недели. 

  • Кое ниво на познавање на германскиот јазик е прифатливо?

Понапреднато познавање на германскиот говорен јазик е ваш дополнителен атрибут / квалитет. Евалуацијата на нивото на познавање на јазикот, се стекнува преку соодветен Сертификат, којшто, во согласност со новата законска регулатива, е задолжителен. Реалното познавање на германскиот јазик треба да соодветсвува на Б1 нивото, коешто подразбира активна партиципација во дневна вообичаена општа и деловна комуникација, во разговори, следење на медиуми и учество во вообичаениот социјален живот.

Ова ваша ниво на познавање на германскиот јазик, секако, ќе ја олесни и вашата интеграција во германското општество, што е дополнителен атрибут и во работата и при престојот таму. 

Тимот на Венерас ве поттикнува да побарате наша асистенција при учењето и усовршувањето на германскиот јазик: ние имаме непроценливо искуство и мноштво успешни приказни од нашето досегашно работење!

  • Што се случува по тестирањето за познавање на германскиот јазик? Кои се следните чекори?

Првиот филтер е нивото на познавање на германскиот јазик и, по успешното комплетирање на овој дел, веднаш следува втората фаза. А тоа е предлагање на работни позиции адекватни на квалификациите на кандидатот и интервју со еден од нашите работодавачи – партнери во Германија. Напоменуваме дека интервјуто е од голема важност! Доколку е оценето како успешно, следува последната фаза – комплетирање и подготовка на неопходната документација која се доставува во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје.

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ТЕРМИН ЗА ВАДЕЊЕ ВИЗА

  • Како се закажува термин за поднесување на документација / барање, во Амбасадата на СР Германија во Скопје?

Веднаш по потпишувањето на договор за соработка на нашата компанија со клиент, во името на клиентот, ВЕНЕРАС аплицира за закажување на термин во германска амбасада во Скопје, за поднесување на целосна документација. Закажаниот термин клиентите го добиваат на нивниот личен маил.

Добивање на термини за поднесување документација е во зависност од повеќе фактори. Во согласност со новата законска регулатива за работници коишто доаѓаат од земјите на Западен Балкан, за таканаречена “неквалификувана работна сила” пеоцедурата може да трае и до 12 месеци. 

За македонски државјани кои имаат намера да аплицираат за виза со цел вработување во Германија, има услов да не биле баратели на азил, минимум 24 месеци пред поднесувањето на апликацијата за виза. 

Додека се во исчекување на терминото за виза, ние секогаш ги советуваме нашите клиенти овој период да го искористат подобро да го изучат или да го надградат нивното познавање на германскиот јазик.

НЕОПХОДНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

  • Апликација – можете да ја најдете на нашиот веб сајт 
  • Копија од патна исправа од Македонија или од погоренаведените држави од Балканскиот регион или ЕУ пасош
  • Две фотографии – како за патна исправа (димензии 3,5 см Х 4,5 см)
  • Curiculum Vitae (CV) / Lebenslauf – на германски јазик
  • Ниво на познавање на германскиот јазик – основните проверки ги прави Тимот на Венерас, секако, во консултација и закажување на термин кај нашите асистенти или онлајн. Побарајте нè, ве очекуваме!

ВЕНЕРАС ви стои на располагање за секој чекор при подготовката на вашите документи!. 

  • Бесплатни консултации еден-на-еден или за групи, преку нашите телефонски контакти, како и на дигиталните платформи.
  • Сите дополнителни информации можете да ги добиете на кој било од нашите телефонски броеви или на нашите e-mail адреси, наведени во Контакт табот на нашиот веб сајт.

Срдечно Ваши,

Тимот на Венерас

Categories