Веќе работите во Германија? Но, останавте беза вашето работно место заради COVID-19?
Ние сме тука да ви помогнеме преку нашите партнери! Имaме понуда за нови работни места! Побрзајте, понудата е ограничена!
Како да ја пренамените вашата дозвола за работа и престој?
Одговорите на овие прашања прочитајте ги подолу!

Заради пандемијата со кронавирусот, многумина наши македонски сограѓани коишто работеа во Сојузна Република Германија ги изгубија своите работни места и останаа без работен ангажман.

ВЕНЕРАС е подготвена да им помогне на овие наши сограѓани коишто се наоѓаат во незавидна ситуација преку своите деловни партнери во Германија и актуелната понуда на пазарот на трудот во оваа земја. На располагање имаме повеќе работни позиции кои што се слободни во овој момент, а ја администрираме и пренамената на Дозволата за работа и престој.

Нашата компанија има широк портфолио од различни врвни работодавачи, со голем опфат на најразлични работни позиции во градови низ целата територија на Германија. 

Најчесто, овие работни позиции се во услужната дејност, како што се во: 

  • Работа во Гастрономскиот сектор;
  • Работни позиции како возачи со Б, Ц и Е категорија;
  • Работа во објекти од хотелиерството;
  • Работа во ресторани за брза храна, како што се Burger King, Mc
    Donald’s, KFC и слично;
  • Работа во телекомуникациските оператори, како што се Телеком, Водафон и слично;
  • Работа на Аеродроми;
  • Работа во земјоделската индустрија;
  • Работа за медицински персонал од секоја област и специјалност;
  • Работа во Логистички центри за пакување на месо.
  • Ги охрабруваме сите заинтересирани да побрзаат и да аплицираат преку апликацијата поставена на нашиот веб-сајт. Вашата апликација веднаш ќе биде разледана од нашиот тим и за сите следни чекор ќе бидете брзо и навремено известувани.  НАШАТА ЦЕЛ Е ШТО ПОБРЗОДА ИМ ИЗЛЕЗЕМЕ ВО ПРЕСРЕТ КОГА Е НАЈТЕШКО И ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА СИТЕ ОВИЕ ЛУЃЕ КОИШТО ГИ ИЗГУБИЛЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА ЗАРАДИ КРИЗАТА. 
    ЗАРАДИ ОВА, ВЕНЕРАС ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВАШЕТО СМЕСТУВАЊЕ ВО ПРВИОТ МЕСЕЦ ОД РАБОТНИОТ АНГАЖМАН! СЕКОГАШ МОЖЕТЕ ДА СЕ ПОТПРЕТЕ НА ВЕНЕРАС, ВАШИОТ
    ПАРТНЕР, ПРИЈАТЕЛ, СОРАБОТНИК!  ПРЕНАМЕНА НА ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКАТА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ЗА ПРЕСТОЈ (ОФЕНТАЛ) 
    Што значи Пренамена на веќе постоечка / издадена Дозвола за работа и за престој?Тоа значи можност за пренаменување на вашата Дозвола за работа и за престој
    којашто ви била издадена во Германија за едно работно место и престој – да се
    се пренамени за друго работно место и место за престој во Германија!КОИ СЕ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС?
  • Прелиминарно, доставувате лично известување до општината (Rathaus)
    дека ќе го пренамените вашето работно место, со доставување на
    документ – отказ од работдавач или сопогодбено раскинување на
    работниот договор.
  • Барањето за пренамена на Дозволата (Офентал) можете да го направите
    во местото кадешто веќе престојувате и работите (или сте работеле) во
    моментов или во местото кадешто ќе работите во следниот период.КОИ СЕ НАШИ ОБВРСКИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС?
  • Обезбедување на валиден и ратификуван Работен договор, со наша
    асистенција по ваш избор и согласно вашите валидни квалифакции за
    односното работно место;
  • Издавање на Потврда за ваше сместување.
  • Опис на работно место кај новиот работодавач
  • Адреса од локалната / државната институција кадешто  треба да се
    поднесат неопходните документи;
  • БОНУС: ВЕНЕРАС ГИ ПОКРИВА ТРОШОЦИТЕ ЗА ВАШЕТО
    СМЕСТУВАЊЕ ВО ПРВИОТ МЕСЕЦ ОД РАБОТНИОТ
    АНГАЖМАН! КОИ СЕ ВАШИ ОБВРСКИ ВО ОВОЈ ПРОЦЕС?
    Достава на комплетна неопходна документација, како што е:
  • Ваше CV / Биографија на германски или на англиски јазик
  •  Валидна Патна исправа / Пасош
  • Пополнета Апликација, поставена на нашата веб страница:
    https://veneras.mk/
  • Скенирана верзија на документот – Дозвола за работа и престој во
    Германија (Aufenthal)
  • Документ од вашата пријава на адресата за престој

Ве охрабруваме веднаш да побарате он-лајн термин за консултации, а Тимот на ВЕНЕРАС ќе ви излезе во пресрет со процедурите за
пополнување и обезбедување на целосната документација.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПРЕНАМЕНА НА ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКАТА ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА И ЗА ПРЕСТОЈ И КОЛКУ Е ТОЈ ПРОЦЕС УСПЕШЕН?

По нашето долгогодишно искуство, ваквите процедури можат да траат од четири до шест недели, во зависност од предметната општина и од локалниот адмистративен референт којшто го работи вашиот случај;
ВЕНЕРАС, како компанија којашто успешно соработува со германскте работодавачи и административни (локални државни) власти, е горда на бројката којашто може да ја кажеме, а тоа е дека од близу 500 апликации за пренамена на Дозволата, само седум беа неуспешни пренамени. Успешноста за пренамена на Дозволата за работа и за престој зависи од Институтот за странци на Сојузна Република Германија. Доколку престојувате подолго од шест месеци во Германија и веќе имате добиено дозвола за престој (Aufenthal) и / или имате добиено отказ од работодавач, можностите за пренамена на Дозволата се поголеми.
По добиената пренамена, го известуваме вашиот работодавач дека пренамената ви е успешна и по негово одобрување можете да почнете со работа.

НАПОМЕНА:
ВЕНЕРАС не гарантира, ниту може да гарантира за успешноста во процесот на пренамена на Дозволата за работа и за престој!
Обврските на ВЕНЕРАС се да ги обезбедат сите неопходни документи за валидност на процедурите;
Одобрувањето или неодобрувањето на процесот на пренамена на Дозволата за работа и за престој е исклучиво и ексклузивно во надлежност на релевантните германски инситуции!

ПОЈАСНУВАЊЕ И КУС ОПИС НА ЧЕКОРИТЕ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА
ПРОЦЕСОТ: 
Се пријавувате во Општината (Rathaus) во градот кадешто ќе работите на новото работно место, за да добиете потврда дека успешно сте пријавени на адреса на живеење (за самата пријава, некои општини наплаќаат еднократно околу 100 евра, на лице место);
Комплетната документација вие лично ја доставувате во Општината (Rathaus) во Германија, поточно во канцеларијата на оваа институција во градот кадешто аплицирате за новото работно место (вообичаено таму имаат оддел за изработка на документи за странци коишто доаѓаат од земјите од Балканот);
По доставените документи, се чека од четири до осум недели на одговор од Институтот за странци да ви ја одобри и да ви ја пренамени
Дозволата за новото работно место и место на престој. Временскиот предиод може да биде и подолг и зависи од одделот на Институтот за
странци.
Венерас, како компанија, е одговорна за комплетирање на потребаната документација, за обезбедување на сместувањето и за обезбедување на адресите од институциите кадешто треба да се доставите документите.
Венерас не превзема одговорност за успешноста или неуспешноста на пренамената на Дозволата за работа и за престој!

ТРОШОЦИ
За МКД
За клиентите коишто аплицираат од РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, трошокот за програмата вкупно изнесува 30.750,00
МКД.  Првата половина од наведениот износ се плаќа за започнување со процесот.
Втората половина се одбива од страна на работодавачот, од првата плата.
Уплатите треба да се извршат на денарската сметка на ВЕНЕРАС:
Сметка број: 300210000076413, депонент на Комерцијална Банка АД Скопје
Цел на дознака: Организациски процес

За СТРАНСТВО
За клиентите коишто аплицираат од СТРАНСТВО, трошокот за програмата вкупно изнесува 500,00 EUR.
Првата половина од наведениот износ се плаќа за започнување со
процесот.
Втората половина се одбива од страна на работодавачот, од првата плата.
Уплатите треба да се извршат на девизната сметка на ВЕНЕРАС:
IBAN CODE MK07300701003606621, депонент на Комерцијална Банка АД
Скопје, филијала Кочани. SWIFT KOBSMK2XKOB
Цел на дознака: Констултански услуги

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ  
Бесплатни консултации еден-на-еден или за групи, преку нашите телефонски контакти, како и на дигиталните платформи.
Ви стоиме на располагање за секој чекор при подготовката на документите за аплицирање. За сите нејаснотии или за подетални информации треба само да нисе обратите на телефон, на маил или на некои од нашите акаунт и на социјалните мрежи!

Categories