Глобалната здравствена криза лимитираше огромен дел од општествените случувања, во сите аспекти на секојдневието. За жал, овие состојби имаа своја рефлексија и во отежнатите можности на голем број македонски граѓани да добијат термин за поднесување на барање за Д виза за Сојузна Република Германија.

За сите наши апликанти коишто имаат потпишано Договор за консултантски услуги со Венерас во 2018 и 2019 година и имаат уплатено аванс, a не сме ја докомплетирале услугата до крај заради Covid19, ве известуваме дека ве очекуваме да ни се обратите и ве охрабруваме заеднички да ја продолжиме соработката којашто заради оправдани причини не сме можеле да ја реализираме во претходниот период.

  • Сè што треба да направите е да ни го приложите Договорот кој го имате потпишано со нас и потврда за уплатата.
  • Веднаш штом се обезбеди термин за во Германската амбасада во Скопје, Венерас ќе ви ја подготви комплетната документација потребна за добивање на бараната виза.

Чекори и упатство за аплицирање за поднесување на барање за Д виза за Сојузна Република Германија

Поради нова систематизација и организација на работењето на Германската амбасада во Скопје, организирана по систем на своевидна “лотарија“, неопходно е заедно да го поминеме овој нов апликациски процес, односно закажувањето термин за виза на системот на Германската амбасада.

Терминот кој ќе го обезбедите е неопходен за да го комплетираме процесот за добивање на Вашата виза за Германија.

Упатство за аплицирање

  • Во прилог го поставуваме линкот за страницата кадешто е објавен линкот за аплицирање за виза за граѓани од земјите од Западен Балкан. https://service2.diplo.de/rktermin/extern/choose_category.do?locationCode=skop&realmId=629&categoryId=2444
  • Линкот за Западен Балкан се појавува на почетокот на месецот (во зависност од германската амбасада) и трае максимум 2 недели од денот на објавување (Германската амбасада го одредува денот на сопирање на линкот). Ви напоменуваме вашите лични податоци да ги внесувате исклучиво со латинични букви, информациите да бидат точно наведени, е-маил адресата да биде валидна, затоа што доколку апликацијата Ви е успешна, ќе ви пристигне датум за термин за во Германската амбасада на е-маил адреса која ќе ја наведете во апликацијата. 
  • Исто така, доколку подолго време се задржувате на апликацијата откако ќе започнете да ги потполнувате податоците, па до самиот крај, можно е да Ви истече рокот за аплицирање, па во тој случај предлагаме да се обидете одново со повторно вклучување на наведениот линк. 
  • Доколку имате неуспешна апликација, Ве замолуваме да бидете упорни и да не се откажувате сè додека е отворен линкот за да ги внесувате Вашите податоци од почеток, повторно.
  • За тие од вас што веќе успешно аплицирале, ви благодариме и ви посакуваме среќа за добивање термин.

За дополнителни информации околку аплицирањето, обратете се на Правниот оддел на Венерас, на следниот е-маил: [email protected].  

Ви благодариме на довербата и на соработката.  

Ние постоиме за вас и тука сме да ги оствариме вашите барања и очекувања!

Со почит,

Венерас Тим.